Интернетот е чудо и памти буквално сè. Доволно е само да го внесете бараниот поим или име и ќе ви излезе се што говорел или правел. Па така , кога ќе напишете Сашо Орданоски најчестите зборови до неговото име се ЕУ и промена на името.

Еден од првите владини пера беше главен заговорник Македонија да си го промени името бидејќи така ќе ги решиме проблемите со соседите , и најважното, ќе почне преговори со ЕУ.

Четири години подоцна каде е Македонија.

Спорот за името ни донесе уште поголеми проблеми со друг сосед, овој пат со Бугарија а од ЕУ сме подалеку од времето кога неговата омилена партија и политичар дојдоа, пардон ги донесоа на власт.

Не само што нема да почнеме преговори, а тоа јасно ни го предочија главните играчи Франција и Германија туку и ќе не стават во втора лига на ЕУ или „ЕУ за сиромашни“ како и да се вика тоа друштво.

А таму има навистина „респектабилни“ земји како Косово кое е измеѓу држава и територија,  Босна која и самата не знае што е, Албанија која веднаш го прифати новото друштво, потоа Украина која е во војна, и нам „блиските“ Грузија и Молдавија.

Што би рекле Србите „мало друштво али одабрано“.

„Да бидеме реални, невозможното нема да се случи“ вели Ордановски во својата колумна.

Владин гласнику, македонските граѓани добро знаат дека чуда во политиката не се случуваат и оти промената на името не е доволна оти ЕУ едноставно не сака земја каде што Заев и неговото друштво сади марихуана, каде кабелот е крив за тоа што луѓе живи изгореа во болници, каде корупцијата е нормална и се подразбира.

Народот е освестен и отрезенет господине Ордановски, а ќе се свестите и вие. Метлата веќе почна да игра, а до кој двор ќе замете ќе видиме многу скоро.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.