Градоначалникот на општина Велес информира дека локалната власт почнува акција за донирање на расходуваната опрема од градската администрација.

За таа цел, општината веќе потпиша мемерандум за соработка со организацијата Донирај Компјутер – Борче Стаменов, која се занимава со донирање компјутерска опрема на оние граѓанои коишто не можат да си дозволат да ја купат.

Често пати велиме дека треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот. Тоа е наша задача, но и одговорност. Во Македонија постојат луѓе кои давајќи се себе, даваат за оние на кои им е најпотребно.

 

Во тоа име, огромна чест ми е што денес склучив меморандум за соработка со Борче Стаменов, човекот кој стои позади движењето Донирај Компјутер – Борче Стаменов кое ги помести границите на човечката филантропија во Македонија, но и пошироко.

 

Општина Велес е прва општина во Македонија која стана партнер соработник на здружението и се вклучи со поддршка преку донирање компјутери и друга ИТ опрема која е расходувана со одлука на Совет. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде почеток на голема промена која мнозина ќе ја следат!

 

Секој кој сака да се вклучи во поддршката истото може да го направи преку страната на здружението.

 

Она што за нас е малку, за некого е многу. Само заедно и сплотени може да придонесеме за многу насмевки и радосни моменти! За сите нас! – вели Колев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.