Советот на Општина Крива Паланка ја усвои одлуката за доделување еднократна парична помош во висина од 3000 денари на матурантите од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од градот.
Одлуката се однесува на сите матуранти, со три и четиригодишно образование, во сите наставни програми, запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2022/2023 година.
Од локалната самоуправа на општината информираат дека потребните документи за аплицирање се наведени во барањето објавено на општинската веб-страница, што заедно со пропишаните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница.
Ова е само една во низата мерки за поддршка на младите од градот што се воведуваат за првпат во буџетот на Општина Крива Паланка за 2023 година.
Од оваа календарска година е воведена субвенција, до 4000 денари, за набавка на велосипед за млади лица на возраст од 15 до 29 години, а воведени се и стимулативни мерки за сите родители кои имаат принова, еднократна парична помош за новороденче и за набавка на количка за новороденче, секоја во висина од 3000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.