Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција, е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека. Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата. Оваа власт, на чело со ДУИ и СДС, по катастрофалниот пораз на изборите, ќе бидат запаметени, како најголем кочничар на Македонија, на патот кон ЕУ – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.