Позитивно сме изненадени и од реакцијата на родителите кои само во текот на вчерашниот ден дадоа над 4.000 одобренија за да се направат скрининг анализи кај нивните деца од школска возраст, вели министерот за здравство, Беким Сали.

-Тоа го направивме зашто во Комисијата за заразни болести забележавме благо покачување на новоинфицирани лица на возраст од 6 до 14 години и затоа пристапуваме превентивно. Во овој момент резултатите се позитивни и од направени 200 анализи завршени во текот на вчерашниот ден, регистриравме само еден позитивен резултат. Доколку ваквиот тренд продолжи, тогаш ќе нема потреба од продолжување на тие анализи кај учениците, нагласи Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.