Од скопското обвинителство информираат дека не се точни пишувањата оти осомничниот за убиствата на Јетон Кривањева- Жила во локалот „Шиша бар“ на Кале и на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција, Гани Марку е пуштен на слобода.
Денеска некои медиуми објави документ со одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата, Марку.
Од Обвинителството појаснуваат дека за Гани прекинат е притворот во еден предмет поради истек на шест месеци и веднаш определен нов притвор за друг предмет.
-Лицето во моментов е во ефективен притвор, велат од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.