Обвинителот Гаврил Бубевски денеска е избран за шеф на скопското обвинителство. Во трката со Бубевски, кој беше дел од згаснатото СЈО беа и обвинителите Ермон Незири и Елизабета Павловска.
Стевчо Донев, е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип. Ова се последните одлуки донесени од Советот на јавните обвинители.
Новиот шеф во скопското Обвинителство, Бубевски, застапуваше неколку предмети на СЈО пред судот против високи поранешни функционери. Меѓу нив се „Насилство во Општина Центар“, „Монструм“, „Титаник 3“.
Обвинителот Стевчо Донев е познат по тоа што го води случајот „Тендери“, во кој е обвинета ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Скопското обвинителство остана без прв човек пред половина година, откако обвинителот Сашо Рајчев се повлече од позицијата кога беше избран за виш обвинител.
На денешната седница избрани се и јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија, а таму ќе бидат Соња Симовска и Љупчо Коцевски. Во тетовското Јавно обвинителство јавен обвинител ќе биде и Бесар Алиу
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.