На денешната јавна седница на Апелациониот суд за настаните од 27 април застапникот на обвинетиот Владимир Атанасовски побара иземање на Јавниот обвинител во овој случај поради тоа што му се правело на неговиот штитеник. Исто така се бара изземање на Вишото јавно обвинителство и на Републичкиот јавен обвинител.

Адвокатот Јордан Апостолски на судот му предаде документи за тоа Атанасовски намерно бил „заборавен“ во затвор и како се постапувало против него. Информациите ги добиле од свиркач. Затоа тие бараат овој случај да биде преземен од обвинител од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонската јавност заслужува да ја дознае вистината а тоа е можно само ако има фер судење за овој случај, истакна Апотолски.

Инаку летово на социјалните мрежи беше објавена аудиоснимка на којашто се слуша глас кој наликува на гласот на поранешната раководителка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска како зборува со уште едно лице, чиј глас е мутиран, а во која се споменува името Владимир Атанасовски што се совпаѓа со поранешниот директор на УБК, осуден на казна затвор од 6 години за организација на настаните од 27 април. За него гласот кој наликува на оној на Русковска вели „го ставив во притвор и го заборавив два месеца“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.