Штипската Клиничка болница се гради пет години, а досега главниот изведувач грчки „Интеркат” има завршено ниту една третина, односно 31 проценти. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека досега се исплатени 11,3 милиони евра, а изведувачот веќе доби нов рок до декември годинава да ја заврши оваа фаза што требаше да биде готова пред три години. Исплатите кон изведувачот се направени во декември лани и кон средината на јануари годинава. Според Министерството за здравство од страна на изведувачот се работи во објектот, кој треба да биде современ болнички центар за пациентите од источниот и југоисточниот дел на државата.
-На објектот на Клиничка болница- Штип работат до 100 работници на дневно ниво и активно се работи на поставување челична конструкција, поставување спуштен плафон во објект на линеарен акцелератор, како и завршни работи на фасадата и други технички градежни активности, пишува во одговорот на Министерството за здравство.
Според Министерството за здравство крајниот рок за завршување на целиот објект е крајот на јуни 2023-та. Проектот опфаќа и уривање и повторна изградба на помал објект што треба да се поврзе со новоизградената болница на просторот каде сега се наоѓа лабараторија и рентген. Изградбата на болницата треба да чини 30 милиони евра, а за дореализација остануваат да се обезбедат 19 милиони евра, овие средствата треба Владата да ги обезбеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.