Нов скандал во „Македонија пат“: Се плаќало 12.000 евра за цистерна, 11.000 евра повеќе од реалната вредност

Македонија 26.07.2022 / 12:58

„Македонија пат“ водена од Костадин Ацевски кадар и поранешен пратеник на СДСМ, склучила договор за битумен, тендер вреден 10 милиони евра, од кој што речиси 4,5 милиони евра се даваат само и само за транспорт. Ова е нереална сума ниту пак сума којашто одговара на пазарот, на пазарната цена за транспорт на битумен, рече на денешната прес-конференција потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Македонија пат“ склучила договор за транспорт на битумен, со којшто се плаќаат неверојатни 4,5 милиони евра само за транспорт. Се работи за 374 цистерни, по над 12 илјади евра за цистерна, прецизирам, само за транспорт. Цената на битуменот не игра улога во определувањето на цената на тендерот.Така и се определува најповолната понуда. Постои променлив дел, а тоа е цената на битуменот и постои фиксен дел, а тоа е сумата за транспорт, за што се пари односно оној што дава понуда за да го носи битуменот. Таква е и формулата при пресметка за најповолна понуда.Во него стои цената за набавка на битуменот како променлив дел , во случајот 136.420 денари за еден тон и стои фиксен дел за транспорт на тон битумен за 29.295 денари за еден тон. За споредба еве уште еден договор, ист договор за набавка на битумен, овој пат од градското скопско ЈП Улици и патишта, направен два месеца подоцна каде што за променлив дел цената на битуменот стои според формулата од една страна, тука е веќе 38.000, додека пак за фиксниот дел, она што го определува транспортот и ја определува сумата на тендерот, цената за транспорт по тон е 2.915 денари. Уште еднаш за споредба, за Костадин Ацевски цената за транспорт на еден тон 29,295 денари, за Улици и патишта е 2.915 денари, 10 пати повеќе плаќа Костадин Ацевски. И за споредба, ако броиме по цистерни само транспорт на една цистерна, Македонија пат ја плаќа 12.000 евра, само транспорт на една цистерна Улици и патишта би платила за 1.000 евра. Разликата е 11.000 евра за една цистерна, или за сета набавка, за од 374 цистерни, разликата е над 4 милиони и 100.000 евра, доколку би се направил тендер по цени како градското ЈП на Скопје, Улици и патишта. Директорот на Македонија пат, Костадин Ацевски, кадар и поранешен пратеник на СДСМ, мора да каже, по која формула е правена пресметката за тендерот за набавка на битумен? Како е возможно, за транспорт да плаќа речиси 4,5 милиони евра. Како е возможно, набавка на битумен, којшто се набавува најчесто од Србија, Грција и малку помалку од БиХ, односно патишта со слична километража, разликата во цена за транспорт за цистерна да изнесува цели 11.000 евра? Костадин Ацевски, кадарот на СДСМ, мора да каже по која формула ја прифатил оваа понуда како најповолна? Споредбено, уште еднаш со цените добиени од Улици и патишта, сиот транспорт на Македонија пат би чинел 443,000 евра, а со цените на Костадин Ацевски чини 4,553,000 евра, истакна Стоилковски.

Македонија е втурната во тешки кризи, Македонија е на просјачки стап,а СДСМ прави национални предавства само и само за да течат тендери со нереални цени. Ова мора да има крај! Додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişcasibom güncel girişgrandpashabet girişbaywin girişmeritkingJOJOBETjojobet giriş