Земјоделството во Македонија поради неспособноста на Владата е во колапс. Веќе ниту еден земјоделец не верува во лажните зборови на СДСМ. „Успешните“ политики на СДСМ и Љупчо Николовски ја доведоа Македонија до ситуација да се моли кај соседите за храна. Власта Македонија од извозно ориентирана ја направи во увозно зависна држава за храна, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
И по изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, на власта и беше потребно скоро цел месец да започне со исплата на истите. А, со тоа самo неспособната Влада докажа дека нема пари во буџетот.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци“ – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.