Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше запрашан за резолуцијата на ЕПП за која што СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала, а со истата се рушат позициите на Македонија.

Па, два коментари сакам да дадам тука, прво за жал порано се боревме со лажни вести на дел медиуми кои што повеќе беа во т.н. жолта штампа отколку сериозни медиуми. А, сега создавачи на лажни вести за жал се владејачките политички партии. Зборуваат за резолуција која што ниту ја прочитале, ниту ја виделе, ниту ја презентирале во јавноста. На пример во таа резолуција пишува и за создавањето на лажни вести, веројатно треба тој пасус малце подобро да го прочитаат, истакна Николоски при одговарање на новинарско прашање.

Тој додаде дека во таа резолуција јасно пишува дека СДСМ ги злоупотребува судството и обвинителството за да врши прогон на политички неистомисленици.

Мислам дека главен проблем на СДСМ во таа резолуција е што јасно пишува дека ги злоупотребуваат судството и обвинителството со цел да вршат политички прогон на политичките неистомисленици, пред се од ВМРО-ДПМНЕ, со што се потврдуваат сите наши тези дека во Македонија се води политички прогон. А, дополнително на тоа еве и уште еден коментар, мислам дека е смешно по малце и иронично СДСМ да зборува за патриотизам. Значи СДСМ, Ковачевски и Заев да зборуваат за патриотизам, луѓето кои што го потпишаа Преспанскиот договор, кои што потпишаа договор со Бојко Борисов, луѓето кои што променија Устав со цел промена на уставното име, кои што воведоа двојазичност во Македонија. И луѓе кои што потпишаа договор со Бугарија во кој што пишува дека имаме заедничка историја со Бугарија, а сите знаеме дека не е така, луѓето кои што ги рушат темелите на Македонија и прават непоправливи штети на Македонија и пред се за македонскиот народ како доминантен народ во Македонија, да зборуваат за патриотизам мислам дека е под секое достоинство и под секое ниво, нагласи Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.