„Очекувам најголема победа по изборни единици за ВМРО-ДПМНЕ, со најголем број на гласови и со најмногу пратеници, убеден сум дека четвртата изборна единица ќе го направи тоа, да ги декласираме СДС и да ги испратиме еднаш засекогаш во историја и нив и ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната емисија „За или против“.

Николоски кажа дека причината поради која повторно е носител на 4-тата изборна единица е конечно ставањето крај на криминалот и корупцијата како и мотивот да се направи нешто добро за граѓаните особено во земјоделието и економијата.

Како што кажав јас сум втор пат носител во 4-ката не е тоа случајно, прво четвртата изборна единица е најголема изборна единица во Македонија кога ќе видите географски почнува кај Струмичко Ново Село на границата со Бугарија завршува во Битола. Така што целиот тој јужен и југоисточен дел на Македонија е дел од четвртата изборна единица. 19 општини се вкупно, што е исто така голема бројка само да се посетат, да се поразговара со луѓето, 2020 решив да се натпреварувам таму, јас не го кријам тоа ниту сум од Струмица, ниту сум од Прилеп, причината зошто отидов да се натпреварувам токму во 4-тата изборна единица затоа што сметав дека треба да удриме директно во чело на криминалот, тогаш носител беше Зоран Заев и направивме одличен резултат, истакна Николоски и додаде:

„Причината зошто го прифатив предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да повторно бидам носител во четвртата изборна единица и за што сум многу благодарен е да ја довршиме оваа работа и да го расчистиме криминалот прво на избори а после тоа и правно. Од друга страна 4-тата изборна единица сепак ние сме патриотска партија е најмакедонска изборна единица, најмногу македонци живеат таму и сакам да направиме убави работи секако со цела почит кон сите останати кои што живеат во Македонија, има и многу Турци кои што живеат во 4-тата изборна единица Роми исто така и сакам да направиме убави работи после победата на изборите. Така што ова се мотивите, постојат и бројни други пред се во делот на земјоделието и на економијата затоа што има многу индустрија во 4 ката и за сето тоа ќе зборуваме во кампањата. Јас веќе стартував пред кампања секој ден сум на терен денеска после овој разговор заминувам за Кавадарци и за Неготино. Бев во Струмица, бев во Василево, Босилово, Ново Село, Могила, Новаци, Прилеп, така што веќе половина изборна единица е помината“.

Николоски посочи дека граѓаните во Македонија очекуваат промени и посакуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ односно конечна промена на актуелната власта.

Со исклучок на оние најтврди членови на СДС, сите останати во изборната единица 4 сметаат дека власта треба да се промени и власта ќе се промени. Тоа очекување на граѓаните ние ќе го постигнеме, причини има многу пред се во делот на криминалот и корупцијата кои што процветаа во Македонија, како и лошите економски состојби и иселувањето“, рече тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.