Пристапот на ДУИ и СДС во овој момент е очајно барање за ден повеќе власт затоа што се свесни што ќе им се случи на следни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при интервју во емисијата „10 Минути“ на ТВ 21.

„Доколку услов на власта на СДС и ДУИ е да нема техничка т.н Пржинска Влада тогаш ние се сложуваме под услов на иста собраниска седница во Собранието да се изгласа и укинување на Пржинска односно техничка Влада и предвремени парламентарни избори. Ние сме убедени во нашата поддршка и колку и да прават местенки, злоупотреби толку е голема народната волја што ништо нема да ги спаси и сме спремни убедливо да победиме на избори“, истакна Николоски.

Тој посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е многу јасен а тоа е дека би поддржале укинување на Пржинска или техничка Влада само доколку на истата седница ги изгласаме предвремените парламентарни избори.

„Сеуште имаме обемна теренска активност во која го посетуваме секое населено место во Република Македонија. Расположението е за промени и во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека имаме зрел тим кој може да испорача и да ги придвижи работите напред во Македонија во делот на економска благосостојба и во делот на борба со организираниот криминал и корупција“, кажа Николоски.

Тој е потенцираше дека затоа ВМРО-ДПМНЕ се залага за избори час поскоро. Нека излезат од Државната изборна комисија, нека кажат кој е најбрз рок во кој тие можат технички да ги организираат изборите, на иста седница да ја укинеме Пржинската Влада и да закажеме предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.