Во декември 2022 година во колумна за весникот Фокус пишував за злоупотребата на тајните служби и софтверот ,,Пегазус” кој се користи за нелегално следење и прислушување, пишува на Фејсбук, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Понатаму тој пишува:
Неколку месеци подоцна Македонија е во центарот на случувањата во нов разузнавачки скандал, реформите во разузнавачките служби не се случија, а власта ги злоупотребува АНБ, АР и ОТА.
Реформи во безбедносните служби ќе се случат после промената на власта и конечно во Македонија ќе се престане со злоупотреба на овие служби кои се користат за политички цели, а не за заштита на државата и граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.