Николоски: Ги повикувам тетовчани на 20 август да гласаат за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за да го подобриме животот во Тетово, за нови инвестиции и развој

Македонија 04.08.2022 / 14:49

Да ви се заблагодарам прво на присуството, денеска сум во општина Тетово, во рамки на предизборната кампања за изборот на советници во општинскиот совет. Веќе граѓаните на општина Тетово можат да ја видат и програмата која што ја предлага советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е една програма која што ги опфаќа најголем дел од проблемите со кои што се соочува општина Тетово, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикувам граѓаните кога ќе ја прават својата одлука на 20 август оваа година да размислуваат за иднината, да размислуваат за луѓе кои што можат да носат добри одлуки и кои што можат да ги менуваат работите. Видовме во минатото, особено во претходните четири години, со претходниот градоначалник и претходното мнозинство на СДСМ и ДУИ дека не само што не се направија работи, туку се направија и лоши работи, пред се тука е големиот скандал со „ШИК ЈЕЛАК“ и обидот за урбанизација од страна на контроверзниот црногорски бизнисмен со српско потекло, Миодраг Дака Давидовиќ кој што на едно крајно сомнителен начин го доби тоа земјиште преку фирми кои што се на офшор дестинации и кои што планираше таму да направи една бетонска џунгла односно целосно да се задуши градот.

Ние сметаме дека треба да се развиваат паркови, дека градот треба хумано и зелено да се развива. Исто така сметаме дека треба да се отвораат нови потенцијали за инвестиции, пред се тука мислам на слободната економска зона во која што веќе има три капацитети, но мислам дека капацитетот е некаде над десет капацитети кои што би можело да работата, односно над десет фабрики, вели Николоски и додава:

Предноста и близината на Тетово и до Скопје и до аеродромот, но и до Гостивар и целиот овој регион може да донесе бројни странски и домашни инвеститори кои што би отвориле бројни работни места и на тој начин да се подобрува економската состојба во државата.

И финално мислам дека еден солиден резултат на ВМРО-ДПМНЕ, а нема да кријам нашата цел е да освоиме 6 советници во рамки на општинскиот совет, кој што брои вкупно 31 советник, една таква сериозна победа на ВМРО-ДПМНЕ и освојување на 6 советници мислам дека ќе е вовед во предвремени парламентарни избори затоа што изборите и во Тетово и во Маврово Ростуше ќе покажат дека народот е опозиционо расположен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobet