Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната трибина во Гевгелија на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“, истакна дека чистење на криминалот и корупцијата ќе биде приоритет број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сега со оваа власт на СДС и ДУИ, криминалот царува, а корупцијата цвета, што стана причина број еден зошто Македонија назадува.
Ако поразговарате со луѓето кои си одат од Македонија ќе забележите сериозна разлика од пред 10, 15, 20 или 30 години со тие кои тогаш си оделе од државата. Ако тогаш број еден причина биле економските услови, сега број еден причина е како што вели народот дека нема ред. Нема ред е кажано она што го зборуваме денес, дека криминалот царува, а корупцијата цвета, рече Николоски.
Николоски спомена три клучни работи кои се штетни во моментов, како што рече првата ја гледаме по македонските улици секаде околу нас и директно ги погодува идните генерации, односно кокаин на македонските улици има како никогаш претходно.
Цените се така ниски и е така достапен, да за средношколец или за студент станува подостапно да набави кокаин отколку да отиде на театарска претстава или кино. Тоа е тажната реалност. Како никогаш порано дрогата царува по македонските улици, локали и пред се е кокаинот. Тоа не може да е така доколку нема одобрение од највисоките структури на власта пред се МВР и Царинската управа, затоа што толкава количина на дрога по улиците некој го внесува и некој замижува истиот да се продава. Јавна тајна е дека вработени во МВР се главни организатори и дилери на трговијата со наркотици, пред се кокаинот. А се спречува едноставно доколку има волја и желба, а тоа нема затоа што министерот го гледаме со главните дилери. Не треба да не чуди кога среде Скопје се случуваат мафијашки убиства, крвни освети, затоа што се потекнува од системот, изјави Николоски.
Тој прашува како е возможно лице со мерка притвор да му биде заменета со мерка домашен притвор и да избега и наводно да изврши убиство, а истото лице да биде убиено?
Втората тема која сакам да ја споменам е корупцијата и злоупотребите во власта. Свесни сте сите дека нема функционер на СДСМ од најниско ниво, од обичен раководител завршувајќи со премиер кој не злоупотребува. Аферите на дневна основа еруптираат и за истите ние зборуваме во јавноста. Треба да зборуваме за иднината, а таа ќе биде предводена од влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, одговорност ќе има за конечно да се стави ред и да се воспостави функционален систем на владеење на правото. Мора да се направат темелни истраги за злоупотребите кои овие 6 години се направени, пред се во финансискиот дел, да се види текот на парите и се што е возможно да се врати во државниот буџет, а на тој начин кај граѓаните, истакна Николоски.
Тој посочи дека корупцијата цвета на дневна основа, предводници се Ковачевски, Артан Груби, Али Ахмети, пајташите на Ковачевски во СДСМ од Зечевиќ па се надолу, тоа е врвот на корупцијата. Процентите во Македонија стана добро утро, за да се заврши работа се плаќа мито, и тоа отворено го бараат.
Трета работа се европските интеграции. Јас со години зборувам и стојам позади тоа дека Македонија дури и да почне преговори ќе ги заврши после само 6 месеци со нова блокада, но таа блокада ќе е заради високото ниво на криминал и корупција. Се додека Македонија не воспостави функционален систем на владеење на правото, 5-6 поголеми земји на ЕУ нема да дозволат Македонија да оди напред, затоа што нема политичар во Европа кој сака од другата страна да седи си корумпиран политичар, нема политичар во Европа кој сака да седи со премиер чија сопруга влегува во фотоволтаичен бизнис или да го види Артан Груби кој стана главен за мито и корупција, изјави Николоски.
Николоски нагласи дека мора силно да се посветиме на овој дел, на сузбивање на криминал и корупција во високото ниво на власт, во спротивно Македонија ќе остане заглавена.
Како што посочи дека по срамниот преспански договор Македонија не само што не започна преговори туку и доби три задачи кои не се реализирани.
Тоа се реформа на администрацијата, реформа на безбедносните служби и третата е битка со организираниот криминал и високот ниво на корупција кои не се ни случија. Затоа на следните избори да ни дадете поддршка за да ја удриме корупцијата и криминалот во чело од првите луѓе на СДСМ и ДУИ до последниот кој злоупотребува, нагласи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.