Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска припадност, тогаш попишувачот е должен да ги внесе во графата „христијани“. А ако луѓето потенцирале дека се православни христијани или дека се католици христијани, тогаш нивниот одговор ќе отишол во графата „православни“ или „католици“.
Ова за „Плусинфо“ го објаснува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако во јавноста се крена прашина поради тоа што во табелата за религиска припадност постои посебна графа „христијани“, иако постојат и графите „православни“, „католици“, „протестанти“, „адвентисти“…
Симовски инсистира дека вината не е во попишувачите или во ДЗС, а топката ја префрла кон граѓаните за кои вели дека самите тие, случајно или намерно, не потенцирале во која група припаѓаат.
Многу луѓе не размислувале дека треба точно да ја потенцираат религиската припадност. Па така, ако некој е православен христијанин, тој на попишувачот му кажува дека е христијанин, без да потенцира дека е православен. А попишувачот е должен да го внесе одговорот онака како што му бил кажан. Попишувачот не смее да влегува во дебата со граѓаните и да им објаснува, односно да ги наведува каков одговор да дадат на одредено прашање. Оти, ако попишувачите се вмешале во одговорите, тоа значи дека тие влијаеле врз одговорите. А влијаењето подлежи на кривична одговорност, објаснува Симовски.
Повеќе на Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.