Беким Незири кој е осомничен во предметот за упадот во М-НАВ, вечерва бил на партиски состанок на ДУИ во Чаир, заедно со Артан Груби и Бујар Османи. За тоа се пофали и на социјалните мрежи. Незири пред десет дена беше пуштен од куќен притвор. Тој е претседател на партискиот огранок на Чаир на партијата.
Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаир, ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаир да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од се срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде Демократската унија за интеграција со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!, напиша Незири на социјалните мрежи.
Тој е осомничен за упадот во М-НАВ, каде беа тепани контролори на летање.
Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Беким Незири од ДУИ за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода. Според обвинителот кој ја води истрагата против Незири, постои страв осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот, се прибираат докази. Сето ова за нивните колеги од повисокото Обвинителство не се факти за да Незири остане во куќен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.