Неправилности и мобинг на Клиниката за неврологија од некадарниот и неспособен директор на Клиниката за неврологија, Висар Мифтари и негови две соработнички. Вакви поплаки до Комисијата за здравство овие денови пристигнаа од вработени на Клиника за неврологија. Поплаките се однесуваат на нејасни насоки за распоредот за дежурства, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Со оглед дека директорот Мифтари воопшто нема комуникација со најголем дел од вработените да им ги објасни новините во работата и ако се земе во предвид дека Мифтари нема ден работно искуство на Клиниката ниту на терциерно ниво, а тука бил само на специјализациија прашуваме
Како самостојно и затворен во својот кабинет спроведува мобинг и притисоци врз вработените на Клиниката
Мифтари јавно да одговори кој вака лошо го советува со оглед на неговото очигледно непознавање на работатата на оваа терциерна установаМинистерот Меџити да каже врз основа на кои критериуми е избран Мифтари на Клиниката од која доаѓа и актуелниот четврт по ред министер за здравствоГи охрабруваме сите наши колеги од клиники кои се соочуваат со неправилности, мобинг или имаат одредени сознанија за неправилности во работењето на клиниките, болниците, центрите за јавно здравје или здравствените домови за истото може да пријават анонимно на komisijazazdravstvo@gmail.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.