Во неделата, ден после пожарот пред клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, за кој е осомничен дека го предизвикал, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски настапиl на фестивалот за фолк музика „Валандово фест“, а колегите со кои се дружел таму за „Фокус” велат дека ништо не наговестувало дека тој стои зад делото кое го сврте вниманието на регионот.

Тие воопшто не забележале дека тој имал било какви изгореници или пак повреди. Напротив, велат дека бил смирен како и секогаш, љубезен и расположен.

Затекнати сме од веста. Се дружевме со Ламбе во неделата, што значи еден ден по настанот. Тој ниту имаше било какви изгореници кои можевме да ги забележиме, ниту пак покажа некаква вознемиреност. Смирен, љубезен, се поздрави со сите, си отпеа, убаво си комуницираше со сите на фестот. Ова кое денес го соопштија институциите, дека тој е сторителот, дури и не ни се верува, бидејќи Алабаковски се однесуваше сосема нормално, велат негови колеги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.