Нема потпис на анексот на Колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството, објави на својата Фејсбук страница, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека “договорената” корекција во однос на покачувањето на платите на медицинските сестри, ртг техничари, лаборанти и сите други здравствени работници е потценувачка и понижувачка во споредба со комплексната дејност, одговорноста и нивниот труд
️Понижувачки “договори” кои не кореспондираат со барањата, непочитување на Kолективниот договор доведува до демотивација и заминување на квалитетниот кадар
11 илјади вработени трпат бидејќи не се почитува договорот, се запоставува јавното здравство, не се работи на подобра инфраструктура
Незадоволството на вработените во јавното здравство кулминираше со предупредувачки протест во сите ЈЗУ во исто време
Потребно е итно преземање одговорност за овие штетни политики од кои штетата е на целиот здравствен систем на долг рок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.