Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија објави нови делови од договорот за изградба на коридорите.

Николоски посочи дека оваа сума од 11 милиони евра за ангажирање на специјалисти не е пресметана во договорот од 1 милијарда и 300 милиони евра, туку Владата ќе ги плаќа дополнтелно.

Доколку еден човек се ангажира за 5 години колку што владата вели дека ќе се изведат автопатите, во тој случај само еден човек би зел 2 милиони и 190 илјади евра. А доколку се ангажираат најмалку 5 лица колку што минимум треба да се ангажираат според овој договор, тие би зеле фантастични 11 милиони евра дополнителни средства од владата, изјави тој.

Николоски направи компарација и рече дека претседателката на Европската комисија зема плата од 22 до 24 илјади евра месечно, додека лица кои не се инженери туку само еден вид на надзор ќе земаат поголеми примања.

Не е спорно дали се експерти или не, спорно е што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен има 22 до 24 илјади евра месечна плата. И спорно е што нема инженер во светот кој што зема 36.500 евра месечно, а овие не се ни инженери, овие се специјалисти кои треба да надгледуваат како се одвива работата на автопатот, значи некој вид надзор. Тоа е во делот 13 страна 2 од 13 и вториот дел 3 од 13, нагласи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.