Поставување на знамиња и опрема, мајстори кои иако е сабота се во и околу ВИП Арената Борис Трајковски… Работна атмосфера за подготовка за декемврискиот министерски совет на ОБСЕ што таму ќе се одржи, а за што се искеширани 1,8 милиони евра народни пари. И покрај скандалозните информации дека овие пари легнуваат на сметката на фирма во сопственост на внукот на поранешниот министер од ДУИ Абдулаким Адеми, Елмедин, очигледно е дека Адеми не го засега, а исто така ниту некој од владата. Нема реакција ни од СДСМ ниту од Ковачевски, објавува „Алфа“.

Во меѓувреме, се појави и договор што го склучило Министерството за надворешни работи со пиар агенцијата, омилена на власта, „Рејтинг“. Таа добива 100 илјади евра за да ја организира и ја промовира конференцијата. Нејасно е зошто кога во и во Министерството има служба за односи со јавност, но и Владата има вработени и ангажирани лица за пиар, фотографи и сниматели.

Улогата на Македнија како претседавач на министерскиот совет на ОБСЕ за 2023 ќе ја чини државата фрапантни пет милиони евра пари на народот. За овие пари одлука донела Владата на седница. Претходно, како што информираше министерот на Османи на почетокот на годинава, од Министерството за надворешни биле побарани и повеќе, дури осум милиони евра.

Од доделените пет милиони, речиси два милиона одат за маси, столчиња, опрема и ентериер кои се потребни за еднодневната конференција. Никој не открива што ќе се случи со оваа опрема откако нема да биде потребна.

Се уште не е познати за што се потребни останатите три милиони евра. Од најавите на министерот Бујар Османи познато е дека Министерството за надворешни работи треба да обезбеди и 70 возила за превоз на учесниците на конференцијата во државава. Сепак станува збор за организирање на возила, а не на авиони, ако судиме според сумата што ја извлекло министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.