Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12 проценти, рече на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков, кој најави дека денска продолжуваат преговорите со Министерството за образование.

Ние не прифативме ништо затоа што така одлучи членството на СОНК и на некој начин повторно се наоѓаме на почеток на преговорите. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти зголемување на платата, нов колективен договор и континуирано зголемување на платите за 2023 и 2024 година, изјави Неделков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.