Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев ова не е возможно. Ама го сменивте!“.

Ова го изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, на отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ што се одржува во Охрид, во организација на Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД.

И денес за вашата иднина и за иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволното за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат попросперитетна и постабилна оваа земја – додаде таа.

Според неа, младите во Западен Балкан се соочуваат со големи предизвици, но имаат моќ да ја подобрат состојбата во својата држава и да ги надминат предизвиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.