Има разлика меѓу хибридни закани и хибридни напади. Дојавите за бомби се закани, а кибернападите врз институциите како што е Фондот за здравство спаѓаат во хибридни напади.

Податоците во Фондот за здравство се заштитени и тука граѓаните не треба да се грижат. МВР информира детално кога има соодветни информации, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Полицијата ќе биде присутна во близина на училиштата, и тоа е дел од новото упатство за чиишто детали министерот Спасовски вели дека нема потреба да се објавуваат туку за тоа ќе бидат и се известени директорите на училиштата.

Наставата ќе се одвива непрекинато а постапувањата ќе бидат според фактичката состојба. Најважна е безбедноста и спокојството на граѓаните. МВР ќе го цени ризикот од дојавата, но во секој случај ќе постапи според заканата, појаснува Спасовски.

Според Спасовски, работата не е излезена од контрола туку „такви дојави има насекаде во светот по кои полицијата постапува“.

Ние работиме со Интерпол и Европол, вели Спасовски и додава дека сериозен провлем се ВПН адресите.

Напредокот на техниката ги олеснува работите но и создава проблеми, вели Спасовски и уверува дека имаме меѓународна помош за справување со дојавите за бомби.

Од самиот старт МВР анализира неколку различни мотиви. Еден од нив е геостратешкиот, кој е многу веројатен затоа што дојавите за бомби се засилуваат зависно од состојбата на фронтот во Украина. Друг мотив е авантуристички и тука станува збор за малолетници, објаснува Спасовски.

Генерално се она што се случува во светот, од миграции до војни и кризи како економската, поттикнуваат хибридни напади, вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.