И годинава како и лани свидетелствата на учениците од основните и средните училишта ќе се делат во август. Иако училиштата имаа закажани термини во јуни, вчера од Бирото за развој на образованието директорите добиле допис делењето на свидетелствата да го организираат во август, објави СДК.мк.
Лани првпат свидетелствата наместо на крајот на јуни се делеа во август. Тогаш од Бирото за образование рекоа дека одреден е нов термин, бидејќи тогаш ќе била порелаксирана ситуацијата со ковид пандемијата. Негираат дека имаат проблеми со тендерот за печатење на свидетелства како што тврдеше претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.