ВМРО-ДПМНЕ го анализира последното интервју на премеирот Димитар Ковачевски. Според нив, тоа е показна вежба како изгледаат лагите на власта.
Прво Ковачевски по објавените сомнежи за криминал упатуваше на тоа одговори за договорот да се побараат во американските власти, а СДС го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против САД. Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон Ковачевски, добивајќи ладен туш, што е јасно дека Ковачевски манипулирал.
Втората лага беше тврдењето на Ковачевски дека: „најмалку 51% од работниците ќе бидат ангажирани од Македонија“. Откако ВМРО-ДПМНЕ објави документ каде јасно се гледа дека дури 70% од работниците ќе бидат странци, стана јасно дека Ковачевски повторно лажел и денес ретерира велејќи дека не мислел на бројот на работници, туку на компаниите. Што е уште една небулоза и лага.
Третата лага е новата инвестиција со која се фали Ковачевски. Јагео е присутна во Македонија преку Кемет електроникс, фирма ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е нова инвестиција, туку проширување. Добро е што ќе се отворат нови работни места, но е жално што СДС по 6 годони власт уште нема нови инвестиции.
Четврта лага е дека договорот за Бехтел и Енка е тајна. Тој не смее да е тајна, но владата намерно не го објавува и го крие за да се сокрие криминалот.
Петта манипулација е што Ковачевски одбегнува да одговори зошто прифатил да плати дебели пенали и трошоци на Бехтел и Енка, а за возрат да ја зголеми работната недела. Зошто прифатил во земја со континентално право да се суспендира правниот систем и да важи англосаксонското право, како и да даде одговор зошто прифатил експропријацијата на легални објекти и дивоградби да биде по иста цена, и зошто за сите грешки при проектирањето на Бехтел и Енка трошоците ќе ги сноси државата, стои во анализата на интервјуто на премеирот.
На крајот, од опозициската партија заклучуваат дека од историска градба Ковачевски и Груби направија историска кражба од Коридорот 8.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.