Граничниот премин Станке Лисичково – Делчево, кој ги поврзува Македонија и Бугарија наскоро ќе биде проширен, информира бугарски портал „Благоевград.ЕУ“ со седиште во Благоевград. Целта како што наведуваат оттаму да се зголеми пропусната моќ на контролниот пункт и да се намали времето на проверка на патниците.
Во информацијата е наведено дека сегашното тесно грло од бугарска страна ќе се прошири на шест ленти по три на влез и излез, а меѓу позначајните работи кои ќе бидат опфатени со реконструкцијата е и изградбата на нова двокатна управна зграда и згради за темелна царинска проверка на камиони и автомобили.
Поправката на пунктот кој се наоѓа на 10 километри од градот Делчево и ги поврзува Република Бугарија со Македонија официјално, според бугарскиот портал, ќе започне на 21 јуни 2023, а во моментот во тек се подготвителните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.