Катастрофалните политики на СДС и Димитар Ковачевски ја празнат Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Драстично расте бројот на иселени млади од државата во потрага по подобар животен стандард и услови. Само во првото полугодие се испишале повеќе од 670 ученици, односно 150 деца од училиштата во Штип и Кочани. Во Куманово 180 деца, додека од Тетово заминати се над 200 ученици, од Прилеп за само едно полугодие оваа година заминати се повеќе од 130 деца, додека пак 36 ученици се испишале од Кавадарци.
Бројките се фрапантни. Младите единствен спас за подобра иднина гледаат надвор од државата.
Од градиме држава во која младите напредуваат, реториката на СДС треба да гласи носиме штетни политики и забрзано ги иселуваме младите од државата, стои во партиското соопштение и се додава:
„Сите истражувања изминатите 6 години откако СДС и ДУИ се на власт покажуваат големо незадоволство и разочараност кај младите. Една од причините е високата партизација во јавната администрација, катастрофалното образование и здравство, како и не можност за личен напредок и развој на младиот човек во Македонија.
Власта не нуди ниту можност, ниту пак креира политики за младите луѓе. Со СДС и ДУИ се поголем број на млади луѓе својот спас го барат надвор од границите. И затоа се потребни промени и предвремени избори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.