Поразителни се бројките од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, по првиот уписен рок за студенти за новата академска година, пишува „Фокус“.

Факултетот овие резултати ги објави на својата веб-страница.

На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студент. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а вонредниот студент е запишан на отсекот за книжевност.

На објавениот конкурс за оваа академска година, на овие две насоки факултетот имаше 190 слободни места.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.