На сајтот на Собранието се појавуваат чудни седници, со број кој е далеку од реалниот кој досега ги има како пленарни затворено Собранието.
Тоа ги збуни и новинарите и медиумите, па дел од нив се „налепиа“ на лажна седница и објавија вести дека за попладнево е закажана седница на која треба да се расправа за кризната состојба.
„Почитувани, како што најави и Претседателот Џафери минатата недела по завршетокот на седницата, Собранието на Република Македонија, презема активности за проверка на информациските системи или поточно кажано ги тестира истите по повеќе основи. Она што го јавува како закажано со бројка на седница која е далеку понапред од редовните седници е „тест-околина“ креирана од компаниите гои го вршат тестирањето. Иста ваква нотификација имаше и во текот на вчерашниот ден. Штом се заврши тестирањето, овие седници се тргаат (истите се виртуелни-тест седници). Поздрав и доколку имате дополнителни прашања ви стоиме на располагање“, велат од Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.