Албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на „Твитер“ денеска објасни дека на Самитот во Солун, кој го организираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, при ракувањето со германскиот канцелар Олаф Шолц ја иронизирал блокадата на Бугарија кон Македонија и дека „кафански“ се негативните реакции во јавноста кон него и кон македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Хистеријата кон премиерот Ковачевски на некои во Скопје по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија од страна на Бугарија е за смеење и за плачење. Кавга во меана над чадот од ќофтињата, напиша Рама додавајќи емотикон кој повраќа.
Për të qeshur dhe qarë histeria e disave në Shkup ndaj kryeministrit Kovaçevski, pas publikimit të videos së duarshtrëngimeve me Kancelarin Scholz në Selanik, ku ironizova bllokadën e shëmtuar ndaj Maqedonisë së Veriut nga ana e Bullgarisë! Sherr mejhaneje mes tymit të qofteve🤮 pic.twitter.com/x9jzAyD3AE
— Edi Rama (@ediramaal) June 12, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.