Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан задутре на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со светата Божествена литургија (8:30) во манастирот во Матка, крај Скопје.

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Бројни верници и граѓани на овој ден се упатуваат во манаст

Во предвечерието на празникот утре во 18:30 часот во манастирот Успение на пресвета Богородица ќе се одржи вечерна богослужба, а во 23:40 часот ќе започне сеноќното бдение.

Традиционално на денот на празникот односно во понеделник во дворот на манастирот се одржува крводарителска акција.

Ќе ни биде драго заедно со вас да и оддадеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка – Пресвета Богородица која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме Нејзиното Успение, се вели во поканата за одбележување на празникот од сестринството на манастирот.

Жителите на Матка, Сарај, Ѓорче Петров, но и пошироко традицонално ден пред празникот и на самиот празник доаѓаат во манастирот да се помолат на Мајката Божја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.