На граничниот премин Карасовиќи во петокот, хрватски полицајци пронашле 1.096 садници од забранетото растение канабис сатива во камион со шпански регистарски таблички, наменети за Македонија, објави хрватски „24сата“.

При контролата, биле приведени 44-годишен италијански возач и неговиот 32-годишен бразилски совозач, соопшти во средата дубровничката полиција и додава:

Во претресот беа вклучени и хемиски и органски препарати, како и уреди кои се користат за нелегално одгледување марихуана. Утврдено е дека растенијата биле наменети за македонскиот пазар.

Садниците се одземени, а со прелиминарното вештачење е утврдено дека се работи за стебла канабис сатива кои содржеле значително повеќе од дозволените 0,3 отсто тетрахидроканабинол, активната состојка на марихуаната.

Италијанецот и Бразилецот се приведени и одреден им е притвор со кривична пријава за неовластено производство и трговија со дрога, пишува хрватскиот медиум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.