Синоќешното приведување на активистот на Конзерватив.мк Никола Николовски за градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.
Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува во реакцијата на Муцунски.
Градоначалникот, кој е правник по професија, реагира на апсењето на Николвски и на брзоплетоста на МВР, особено што, како што вели очигледно се работи за местенка.
Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство.
Муцунски се надева дека колку и да е бавна правдата во Македонија, сепак ќе излезе на виделина.
Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина, напиша Муцунски на Фејсбук и пораба извинување од МВР.
После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани, напиша Муцунски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.