Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Република Македонија. Придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните и трговски партнери.
Ова значи и обезбедување на нови работни места за нашите граѓани бидејќи трасите каде што ќе се градат делниците отвораат дополнителни можност за изградба на нови објекти од различни дејности, како што се бензиски пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се нови можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите. Од друга страна тоа се нови даночници и нови приливи во државната буџетска каса.
Проектот има за цел да вработи што е можно повеќе работници од Македонија, кои ќе имаат можност и за обука од страна на изведувачот.
Ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, со кој се регулира ангажманот на работници и јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.
Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%.
Законите постојат за да ги штитат граѓаните. Работниците кои ќе бидат ангажирани на овој проект, а согласно потребите во градежништвото извршуваат прекувремена работа, секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 % согласно Законот и колективниот договор. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, и доколку не сака нема да биде принуден со сила да работи прекувремено. Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден.
Потенцираме дека, прекувремената работа не значи 60 часа неделно, но и не значи дека во текот на целата година ќе има прекувремена работа, тоа ќе зависи од временските услови за работа на терен, односно поинтензивно ќе се работи во месеците на пролет, лето и средина на есен, но не 60 часа неделно. Истовремено, прекувремената работа ќе зависи и од активностите и процесите на работа на трасите, што значи, дека ќе има и денови кога воопшто нема ниту да има потреба од прекувремена работа.
Овие инфраструктурни инвестиции се траен влог, создаваме наследство за идните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.