Македонската православна црква појаснува дека утре нема да има заеднички молитви со Католичката и Исламскката верска заедница туку дека  секоја верска заедница ќе има молитива во своите храмови.

Исто така напоменуваат дека овој чин не е во организација на здружението “Лесја Украинка”, туку по нивен предлог којшто беше најштедро прифатен од страна на верските заедници.

Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот.Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија-се наведува во соопштението на МПЦ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.