Септемвриската плата за вработените во основното и средното образование е повисока за 15 проценти. Тоа значи дека околу 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници, добиваат дополнителна мотивација за работа и лично вложување во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, објави Министерството за образование и наука (МОН).
Заедно со досегашните зголемувања од 21 процент, вработените во образованието добиваат историски најголема поддршка. Ја реализираме заложбата наставниците да го добијат заслужениот статус во општествената хиерархија, за да можат да бидат главен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието, велат од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.