Министерството за образование и наука (МОН) почнува со кампата „Зааедно да ставиме крај на училишното насилство“. Од МОН испраќаат пораки до сите чинители на образовниот систем за подигнување на свеста особено кај младите, за важноста на мирот, ненасилно и толерантно однесување во и надвор од училиштата.
Да градиме мирна и хармонична училишна средина без било какви облици на насилство. Да создадеме амбиент во кој младите ќе се фокусираат исклучиво на вистинските цели на воспитно – образовниот процес, на стекнувањето знаења и вредности кои ќе ги направат да бидат добри луѓе, а насилството воопшто нема да биде тема. Потребна е средина во која ќе преовладува толеранцијата, младите ќе ги почитуваат меѓусебните разлики и нема да гледаат на нив како поводи за конфликти, велат од МОН.
Од МОН додаваат дека ќе се обидат да допреме до сите, до учениците, наставниците и другите вработени во училиштата, родителите и старателите, да укажеме дека важен е придонесот на секој од нас во остварувањето на целта. Неопходно е да се даде предност на вербалниот дијалог помеѓу учениците и на мирното решавање конфликти. Да ја зголемиме свесноста за последиците од евентуално девијантно однесување, кои видовме дека можат да бидат катастрофални.
МОН упатува апел до сите граѓани, доколку биде забележан било каков облик на насилно однесување во училиштата, да биде пријавен на електронската адреса prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk, или пак до стручните служби во училиштата, со цел навремено да се реагира и да е спречат посериозни инциденти и последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.