Министерството за образование и наука отвора адреса за пријавување насилство во училишта, prijavinasilstvo@mon.gov.mk, односно paraqitdhune@mon.gov.mk како централно место каде што може да се пријавува училишно насилство, за да можат институциите веднаш да реагираат и да спречуваат сериозни ситуации.
За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко. За да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема, потребна е поддршка од сите општествени чинители. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко – изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.