Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по историја за 7мо одделение, откако до министерството пристигнале повеќе претставки дека „одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност“.

Како што соопштуваат од МОН, во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани. Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет.

МОН и другите надлежни институции ќе продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса book@mon.gov.mk, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.