Водејќи се по принципите на транспарентност и инклузивност во креирањето на образовните политики, Министерството за образование и наука ја вклучува јавноста во реформирањето на националниот образовен систем. Еден од приоритетите во овој процес е унапредување на содржината на наставните програми во основното и средното образование и во таа насока, МОН ги повикува сите заинтересирани, засегнати чинители и особено стручната јавност да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми, но и сугестии за изработка на нови.
Сугестии, забелешки и коментари може да се испраќаат преку е-пошта kabinet@mon.gov.mk најдоцна до 28.2.2023.
Унапредувањето на содржините на наставните програми е процес во кој е повикан да се вклучи секој родител, наставник, стручна и научна јавност, затоа што само со активно учество на засегнатите страни националниот образовен систем може да фати чекор со динамиката на 21 век.
Очекуваме конструктивни и ефективни сугестии кои се важни патокази во заедничката заложба за подобрување на квалитетот на образованието како основа за севкупен развој и просперитет на државата, за социјална трансформација и демократизација, велат од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.