Најниска понуда – Вака е означена отворената постапка за реконструкција на Средното училиште Моша Пијаде во Тетово кој на 12 октомври го објави Министерството за образование и наука, тендер вреден 4,5 милиони евра, пишува А1.он.
Според порталот, за тендерот се заинтересирани повеќе фирми. Сепак, на него ќе може да се најдат веќе видени имиња на градежни компании, бидејќи тендерската документација предвидува реализирани минимум три договори во последните пет години, од кои барем еден да биде со сума не помала од 160 милиони денари. Приходот кој фирмите треба да го покажат пак, треба да биде не помал од 287 милиони денари во последните три години, за секоја година поединечно.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.