Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.
Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми, велат од МОН.
Од МОН ги охрабруваат училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици.
Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.
Аплицирањето трае до 9.12.2022 година, а пријавувањето може да се направи на следниот линк Ms. Forms: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=QSfKBfwhf06hy-c2FzfhPOEWDx3AtGNGpDA4x4JCZS5UN0gyT1BJVjVSUkJWRFI5TkE0UlpNUk8yQy4u
За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на MC Forms, потребно е училиштата да бидат најавени со официјалните кориснички сметки на @schools.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.