Дозволете уште еднаш да потврдиме дека во Конечниот извештај за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во МНР за период од 01.08 до 31.10.2021 год., НЕ СЕ КОНСТАТИРАНИ злоупотреби, и оттаму нашата реакција дека таков Извештај, во кој се констатирани неправилности – не постои, велат во писмено соопштение од МНР.

По доставувањето на барањето од ДКСК за „ад хок“ ревизија, Одделението за внатрешна ревизија изготвило ПРЕТХОДЕН ИЗВЕШТАЈ за извршена ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во Министерството за надворешни работи за период од 01.08 до 31.10.2021 год. со бр. 58-9205/22-1 од 21.03.2022 година. Во овој претходен извештај наведени се 4 препораки по кои МНР треба да постапи во определен рок.

Во истиот период, Владата донесе нова Одлука за начинот на користење и одржување на службените возила бр. 214 од 15.09.2021 година. Врз основа на одредбите на оваа Одлука и препораките од Претходниот извештај, донесевме ново Упатство на начинот на користење, управување и одржување на службени патнички возила на МНР број 05-11071/22-1 од 05.04.2022 година, кое што целосно е усогласено од Одлуката на Владата и препораките од Извештајот.

Согласно старото и новото Упатство, Министерството во континуитет се грижи за службените возила и истите редовно се одржувани, сервисирани, регистрирани и осигурувани.

Оттука, дозволете да потврдиме дека како Министерство имаме соодветно одговорено на наведените прелиминарни констатации, по што на крајот на КОНЕЧНИОТ ИЗВЕШТАЈ јасно стои дека целосно или делумно е постапено по сите четири препораки, и особено важно дека при проверката не е констатирано дека има злоупотреба на службени возила во партиски цели. 

Како дополнителна потврда на ова тврдење, самиот Извештај на ревизијата има констатирано дека во наведениот период нема зголемена потрошувачка на гориво; напротив, има помала просечна потрошувачка искажана преку финансиските извештаи и покрај тоа што Министерството немало намалени службени активности во тој период, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.