Министерството за надворешни работи, во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Македонија и Бугарија, информира дека со внимание го следи процесот на формирање на бугарска Службена влада и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што, наведува, дека охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада.
– Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори, стои во соопштението на МНР.
Оттука, додава Министерството, сакаме да ги отфрлиме сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски; како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.
Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков вчера изјави дека непосредна задача на бугарското МНР во однос на билатералниот дијалог со Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.