Вработените во Министерството за надворешни работи со големо жалење ја примија веста за смртта на Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи, информира МНР.

Митрева остави голем печат врз работењето на Министерството. Ќе остане запаметена по својата посветеност и бескомпромисност во остварувањето на надворешно-политичките приоритети, заштитата и промовирањето на интересите на државата, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека за време на нејзиниот мандат, посебно место зазема добивањето на кандидатски​от статус за членство во Европската унија.

Митрева, која беше иницијатор и за донесување на првиот Закон за надворешни работи, постави високи стандарди во секојдневното работење, давајќи личен пример со својот безрезервен ангажман, за што беше ценета и уважувана од вработените. Министерството изразува најискрено сочувство до нејзиното семејство, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.