Министерството за надворешни работи информира дека преку амбасадата на Македонија во Киев, досега мапираше околу 100 наши државјани во Украина.
Според последните информации од Киев, МНР информира дека околу десетина од нив, вклучувајќи ги тука и членовите на семејствата на наши дипломати, веќе потврдија дека ја напуштија Украина.
Воедно би сакале да го повториме апелот до нашите државјани доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата, и воедно ги замолуваме оние кои не ги доставиле своите податоци, истото да го сторат на контактите во Амбасадата во Киев (+380442877882 /+380663951190 / dkpkiev@mfa.gov.mk ) или до МНР (+389 75 273 732/ globalsos@mfa.gov.mk), велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ќе продолжи одблиску да ги следи состојбите во и околу Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.